Вербалисти интервју: Maya Nova - гласот на емоцијата и страста од Бугарија

Маја Нова (Maya Nova) и
Сања Величковиќ
Вербалисти интервју со џез вокалот Маја Нова (Maya Nova)
Нишвил (Nisville) фестивал, Август 2011
Водител: Сања Величковиќ

Колку публиката на музичките џез настани се разликува од земја до земја? Колку знаењето и познавањето на странски јазици е важно и потребно за музичарите? Дали креативноста е нешто со кое луѓето се раѓаат или истата може да се здобие? Ова се само дел од прашањата на кои во разговорот со Вербалисти, одговори Маја Нова, водечка бугарска џез вокалистка која настапи на овогодинешниот регионален џез фестивал во Ниш.



Маја Нова (Maya Nova) е страсна и емотивна џез вокалистка од Бугарија. Родена во семејство со голема љубов кон музиката и пеењето, Маја (Maya) почнала да свири класична гитара на 10 години, а подоцна го избрала пијаното како нејзин втор инструмент. По завршувањето на постдипломските студии во џез и поп пеење на Поп Арт одделот на Националната Музичка Академија во Бугарија, таа почна да се појавува на музичката сцена со изведби во живо. Нејзиниот втор дом во моментов е Сингапур, каде таа работи како предавач на колеџот LaSalle (LaSalle College of The Arts) и исто така нејзиниот распоред е исполнет со чести настапи.

Напомена: Други интервјуа со јавни личности на јазичната и комуникациска мрежа Вербалисти, како и други интересни содржини, можете да ги погледнете на нашиот YouTube канал
http://www.youtube.com/VERBALISTS