Интересни факти за Шпанија и шпанската култура


По насловот препознавате дека овојпат ќе ви ги претставиме шпанската култура и јазик, како и некои факти кои ја издвојуваат Шпанија од другите европски земји. Па ајде да ги проследиме највпечатливите факти за оваа земја и нејзиниот народ.

  1. Шпанскиот јазик е рангиран како втор јазик во светот по бројноста на луѓето кои го говорат како примарен јазик. Околу 329 милиони луѓе го говорат овој јазик, за разлика од кинескиот (1.2 билиони) кој е рангиран на првото место;
  2. Овој јазик се зборува во 44 земји ширум светот, што го прави четвртиот географски најраспространет јазик во светот, веднаш по англискиот (112 земји), францускиот (60 земји) и арапскиот (57 земји);
  3. Шпанскиот јазик е еден од најфонетските јазици во светот. Ова значи дека ако знаете како се пишува одреден збор, тогаш би знаеле и како се изговара. Единствен исклучок овде се поновите зборови од странско потекло, кои обично го задржуваат оригиналниот начин на пишување;
  4. И покрај фактот што многу луѓе мислат дека баретката доаѓа од Франција, всушност ова е изум кој доаѓа од североисточна Шпанија;
  5. Фламенкото не е само обичен танц, туку уметничка форма која вклучува гитара, пеење, танцување и држење на ритам со помош на удари на дланките;
  6. Шпанската храна не е зачинета, како таа во Латино-американските држави. Овде почесто се употребува лукот отколку лутите пиперки;
  7. Spanish tortilla
  8. Во шпанската исхрана нема да најдете тортиљи. Овој израз „тортиљи“ означува многу популарно и вкусно јадење од јајца и компири;
  9. Главниот град на Шпанија, Мадрид се наоѓа точно во центарот на земјата;
  10. Шпанија е единствена европска земја која се наоѓа најблиску до Африка;
  11. Интересен факт е тоа што дури 44% од светското производство на маслиново масло доаѓа токму од Шпанија, што е два пати повеќе од Италија и четири пати повеќе од Грција;
  12. Луѓето кои живеат во местото Кадиз во Шпанија, тврдат дека тие го измислиле јадењето пржена риба. Се верува дека англичаните во осумнаесетиот век ја превземале оваа идеја за нивното познато јадење fish ’n’ chips токму од Кадиз;
  13. Многу зеленчук и овошје како што се доматите, компирите, тутунот и какаото биле увезени од Шпанија (преку нејзините американски колонии) во Европа;
  14. Во Шпанија има многу развиен ноќен живот и постојат околу 344 000 барови во кои луѓето се забавуваат до раните утрински часови;
  15. Шпанија има плажи кои се простираат на околу 8 000 километри;
  16. Од Шпанија доаѓаат едни од најпопуларните уметници како што се Пабло Пикасо, Салвадор Дали и Хоан Миро;
  17. Борбите со бикови се сметаат за уметност. Ова е една од најпопуларните атракции и еден од најконтроверзните спортови во Шпанија која се одржува во Памплона и е познато под името San Fermin;
  18. Шпанија не учествувала ниту во Првата ниту во Втората светска војна; 
  19. Браковите од ист пол се озаконети уште од 2005 година;
  20. Шпанија е една од првите европски земји која го забранила пушењето на јавни места, институции, ресторани, барови, во 2006 година.

Интересни факти за германскиот јазик и култура


Откако кажавме збор два за историјата и потеклото на германскиот јазик; сега сакаме да ви претставиме неколку интересни факти за германскиот јазик и култура. Листата на следниве е бесконечна, меѓутоа успеавме да селектираме некои од најинтересните.


  • Германскиот јазик е трет јазик во светот кој најчесто се изучува како странски јазик;
  • Германскиот јазик за малку ќе постанел официјален јазик во Соединетите Американски држави. На Континенталниот Конгрес, оддржан во Филаделфија, за време на револуцијата, дискутирале за тоа кој ќе биде официјалниот јазик во иднината на Соединетите држави, како начин да се прекинат сите дотогашни врски со Англија. Други предложен јазици, покрај германскиот биле францускиот и хебрејскиот. Кога конечно дошло да гласање, англискиот победил – за само еден глас разлика со германскиот;
  • Германскиот јазик е официјален јазик на 5 земји: Германија, Швајцарија, Австрија, Луксембург и Лихтенштајн. Овој јазик се говори и во северна Италија и некои француски провинции;
    Gutenberg Bible 1456
  • Германскиот јазик го зборуваат повеќе од 100 милиони луѓе во целиот свет;
  • Првата книга, Гутенберговата библија која била испечатена во 1456 година била на германски јазик;
  • Иако има толку многу луѓе кои живеат во Германија, германците успеале да задржат скоро 1/3 (31%) од земјата да биде покриена со шуми и зеленило. Оваа убава идилична земја и самиот факт што нема да најдете насекаде високи облакодери, ја прави Германија една од најубавите држави во Европа;
    Neuschwanstein Castle
  • Во Германија има околу стотина замоци! Во некои од нив сеуште живеат аристократски семејства, други се трансформирани во хотели и ресторани, но сепак остатокот е останат како руинирани тврдини. Сите овие носат посебна магија и апсолутно се вредни да се посетат, како една од најубавите атракции во Германија;

  • За да успеете да ги пробате сите видови на леб во Германија, треба да јадете различен вид на леб секој ден во период од една година. Постојат повеќе од 300 видови на леб во Германија;
  • Германците навистина сакаат пиво; рангирани се на второ место во потрошувачката на пиво per capita во целиот свет, се разбира после Ирска;
  • Пивото официјално се смета за храна во Баерн, каде нормалната големина на чаша пиво е 1 литар;
  • Оваа земја е и најевтиното место каде може да се купи пиво во Европа, но исто така и држава во која најтешко може да се одлучите за кое пиво да го купите. Ова е така поради тоа што постојат повеќе од 1500 различни марки и видови на пиво;
  • Кога се јавувате некому на телефон во Германија, наместо со Здраво, Добар ден и сл., тие најпрво го кажуваат нивното презиме т.е. фамилијарно име. Имајте го ова на ум кога планирате да контактирате некој од Германија и недозволувајте истото да ве збуни;
  • Постојат повеќе фудбалски клубови во Германија, отколку било каде во светот.