По насловот препознавате дека овојпат ќе ви ги претставиме шпанската култура и јазик, како и некои факти кои ја издвојуваат Шпанија од другите европски земји. Па ајде да ги проследиме највпечатливите факти за оваа земја и нејзиниот народ.
- Шпанскиот јазик е рангиран како втор јазик во светот по бројноста на луѓето кои го говорат како примарен јазик. Околу 329 милиони луѓе го говорат овој јазик, за разлика од кинескиот (1.2 билиони) кој е рангиран на првото место;
- Овој јазик се зборува во 44 земји ширум светот, што го прави четвртиот географски најраспространет јазик во светот, веднаш по англискиот (112 земји), францускиот (60 земји) и арапскиот (57 земји);
- Шпанскиот јазик е еден од најфонетските јазици во светот. Ова значи дека ако знаете како се пишува одреден збор, тогаш би знаеле и како се изговара. Единствен исклучок овде се поновите зборови од странско потекло, кои обично го задржуваат оригиналниот начин на пишување;
- И покрај фактот што многу луѓе мислат дека баретката доаѓа од Франција, всушност ова е изум кој доаѓа од североисточна Шпанија;
- Фламенкото не е само обичен танц, туку уметничка форма која вклучува гитара, пеење, танцување и држење на ритам со помош на удари на дланките;
- Шпанската храна не е зачинета, како таа во Латино-американските држави. Овде почесто се употребува лукот отколку лутите пиперки;
- Во шпанската исхрана нема да најдете тортиљи. Овој израз „тортиљи“ означува многу популарно и вкусно јадење од јајца и компири;
- Главниот град на Шпанија, Мадрид се наоѓа точно во центарот на земјата;
- Шпанија е единствена европска земја која се наоѓа најблиску до Африка;
- Интересен факт е тоа што дури 44% од светското производство на маслиново масло доаѓа токму од Шпанија, што е два пати повеќе од Италија и четири пати повеќе од Грција;
- Луѓето кои живеат во местото Кадиз во Шпанија, тврдат дека тие го измислиле јадењето пржена риба. Се верува дека англичаните во осумнаесетиот век ја превземале оваа идеја за нивното познато јадење fish ’n’ chips токму од Кадиз;
- Многу зеленчук и овошје како што се доматите, компирите, тутунот и какаото биле увезени од Шпанија (преку нејзините американски колонии) во Европа;
- Во Шпанија има многу развиен ноќен живот и постојат околу 344 000 барови во кои луѓето се забавуваат до раните утрински часови;
- Шпанија има плажи кои се простираат на околу 8 000 километри;
- Од Шпанија доаѓаат едни од најпопуларните уметници како што се Пабло Пикасо, Салвадор Дали и Хоан Миро;
- Борбите со бикови се сметаат за уметност. Ова е една од најпопуларните атракции и еден од најконтроверзните спортови во Шпанија која се одржува во Памплона и е познато под името San Fermin;
- Шпанија не учествувала ниту во Првата ниту во Втората светска војна;
- Браковите од ист пол се озаконети уште од 2005 година;
- Шпанија е една од првите европски земји која го забранила пушењето на јавни места, институции, ресторани, барови, во 2006 година.
Spanish tortilla |
Нема коментари:
Објави коментар