Интересни факти за германскиот јазик и култура


Откако кажавме збор два за историјата и потеклото на германскиот јазик; сега сакаме да ви претставиме неколку интересни факти за германскиот јазик и култура. Листата на следниве е бесконечна, меѓутоа успеавме да селектираме некои од најинтересните.


  • Германскиот јазик е трет јазик во светот кој најчесто се изучува како странски јазик;
  • Германскиот јазик за малку ќе постанел официјален јазик во Соединетите Американски држави. На Континенталниот Конгрес, оддржан во Филаделфија, за време на револуцијата, дискутирале за тоа кој ќе биде официјалниот јазик во иднината на Соединетите држави, како начин да се прекинат сите дотогашни врски со Англија. Други предложен јазици, покрај германскиот биле францускиот и хебрејскиот. Кога конечно дошло да гласање, англискиот победил – за само еден глас разлика со германскиот;
  • Германскиот јазик е официјален јазик на 5 земји: Германија, Швајцарија, Австрија, Луксембург и Лихтенштајн. Овој јазик се говори и во северна Италија и некои француски провинции;
    Gutenberg Bible 1456
  • Германскиот јазик го зборуваат повеќе од 100 милиони луѓе во целиот свет;
  • Првата книга, Гутенберговата библија која била испечатена во 1456 година била на германски јазик;
  • Иако има толку многу луѓе кои живеат во Германија, германците успеале да задржат скоро 1/3 (31%) од земјата да биде покриена со шуми и зеленило. Оваа убава идилична земја и самиот факт што нема да најдете насекаде високи облакодери, ја прави Германија една од најубавите држави во Европа;
    Neuschwanstein Castle
  • Во Германија има околу стотина замоци! Во некои од нив сеуште живеат аристократски семејства, други се трансформирани во хотели и ресторани, но сепак остатокот е останат како руинирани тврдини. Сите овие носат посебна магија и апсолутно се вредни да се посетат, како една од најубавите атракции во Германија;

  • За да успеете да ги пробате сите видови на леб во Германија, треба да јадете различен вид на леб секој ден во период од една година. Постојат повеќе од 300 видови на леб во Германија;
  • Германците навистина сакаат пиво; рангирани се на второ место во потрошувачката на пиво per capita во целиот свет, се разбира после Ирска;
  • Пивото официјално се смета за храна во Баерн, каде нормалната големина на чаша пиво е 1 литар;
  • Оваа земја е и најевтиното место каде може да се купи пиво во Европа, но исто така и држава во која најтешко може да се одлучите за кое пиво да го купите. Ова е така поради тоа што постојат повеќе од 1500 различни марки и видови на пиво;
  • Кога се јавувате некому на телефон во Германија, наместо со Здраво, Добар ден и сл., тие најпрво го кажуваат нивното презиме т.е. фамилијарно име. Имајте го ова на ум кога планирате да контактирате некој од Германија и недозволувајте истото да ве збуни;
  • Постојат повеќе фудбалски клубови во Германија, отколку било каде во светот.

Нема коментари:

Објави коментар