Есперанто, познатиот интернационален јазик


Есперанто е интернационален вештачки создаден јазик од страна на Д-р Лудвиг Лазарус Заменхоф (Dr. Ludwig Lazarus Zamenhof) (1859-1917) од Полска, кој бил офтамолог и се нарекувал себеси под псевдонимот „Докторо Есперанто“. Оригинално есперанто јазикот тој го нарекол „La Internacia Lingvo“ со значење „Интернационален јазик“, но наскоро подоцна постанал познат под името „Есперанто“, што значи „надежен“.

Заменхоф уште од неговото детство живеел во мултиетничко општество создадено од полјаци, руси, евреи, литванци и германци и верувал дека проблемите и несогласувањата меѓу овие групи, потекнуваат токму од јазичните разлики. Па така, тој решил да креира интернационален јазик кој би се користел како неутрален и би можел да ги оттргне јазичните бариери.
 

Есперанто азбука
Корените на јазикот Есперанто се базирани на латинскиот јазик, иако одреден дел од зборовниот фонд е земен од модерните романски јазици и од англискиот, германскиот, полскиот и рускиот. Есперанто јазикот си има своја азбука, а формирањето на зборовите се врши со додавање на различни наставки на коренот на зборот, со што се добиваат различни зборови со различно значење. 


Формирање на есперанто
Денес есперанто е еден од најкористените интернационални помошни јазици и особено е популарен во источна Европа и Кина. Постои богата есперанто литература која вклучува книги, списанија и поезија. Некои од оригиналните дела се напишани токму на овој јазик, а многу други се преведени од други јазици. Постојат и песни на овој јазик како и неколку радио станици кои објавуваат содржина токму на овој јазик. 

Еден од првите писатели кои започнал да твори токму на овој јазик е Д-р Хенри Валиен (Dr. Henri Vallienne), французин, кој напишал две новели на есперанто, едната во 1907 година под наслов „Kastelo de Prelongo“ („Замокот Прелонг") и во 1908 година „C^u Li?“ ("Тој?"). 



Постојат приближно 1.000 луѓе на кои есперанто им е мајчин јазик, околу 10.000 луѓе зборуваат течно на овој јазик, активно го користат 100.000, 1 000.000 луѓе разбираат поголем дел од јазикот и околу 10.000.000 го имаат изучувано во одреден период од животот.

Уште неколку битни факти и информации за овој јазик можете да погледнете на следново видео:


Извор: http://en.wikipedia.org/wiki/Esperanto

Нема коментари:

Објави коментар