Се прикажуваат објави со етикета комуникација. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета комуникација. Прикажи ги сите објави

Есперанто, познатиот интернационален јазик


Есперанто е интернационален вештачки создаден јазик од страна на Д-р Лудвиг Лазарус Заменхоф (Dr. Ludwig Lazarus Zamenhof) (1859-1917) од Полска, кој бил офтамолог и се нарекувал себеси под псевдонимот „Докторо Есперанто“. Оригинално есперанто јазикот тој го нарекол „La Internacia Lingvo“ со значење „Интернационален јазик“, но наскоро подоцна постанал познат под името „Есперанто“, што значи „надежен“.

Заменхоф уште од неговото детство живеел во мултиетничко општество создадено од полјаци, руси, евреи, литванци и германци и верувал дека проблемите и несогласувањата меѓу овие групи, потекнуваат токму од јазичните разлики. Па така, тој решил да креира интернационален јазик кој би се користел како неутрален и би можел да ги оттргне јазичните бариери.
 

Есперанто азбука
Корените на јазикот Есперанто се базирани на латинскиот јазик, иако одреден дел од зборовниот фонд е земен од модерните романски јазици и од англискиот, германскиот, полскиот и рускиот. Есперанто јазикот си има своја азбука, а формирањето на зборовите се врши со додавање на различни наставки на коренот на зборот, со што се добиваат различни зборови со различно значење. 


Формирање на есперанто
Денес есперанто е еден од најкористените интернационални помошни јазици и особено е популарен во источна Европа и Кина. Постои богата есперанто литература која вклучува книги, списанија и поезија. Некои од оригиналните дела се напишани токму на овој јазик, а многу други се преведени од други јазици. Постојат и песни на овој јазик како и неколку радио станици кои објавуваат содржина токму на овој јазик. 

Еден од првите писатели кои започнал да твори токму на овој јазик е Д-р Хенри Валиен (Dr. Henri Vallienne), французин, кој напишал две новели на есперанто, едната во 1907 година под наслов „Kastelo de Prelongo“ („Замокот Прелонг") и во 1908 година „C^u Li?“ ("Тој?"). 



Постојат приближно 1.000 луѓе на кои есперанто им е мајчин јазик, околу 10.000 луѓе зборуваат течно на овој јазик, активно го користат 100.000, 1 000.000 луѓе разбираат поголем дел од јазикот и околу 10.000.000 го имаат изучувано во одреден период од животот.

Уште неколку битни факти и информации за овој јазик можете да погледнете на следново видео:


Извор: http://en.wikipedia.org/wiki/Esperanto

Испраќање пораки со скратеници - уште од пред 120 години

Ова е можеби еден вид комуникација која им пркоси на родителите во процесот на воспитување и води до оние тврдења дека стандардите на англискиот јазик или било кој јазик за таа сметка, се намалуваат.

Меѓутоа, со малку истражување во оваа област дојдов до еден навистина фасцинантен податок. Всушност оваа таканаречена “скратена” форма на пишување и текстуално изразување датира од пред околу 120 години.
Скратеници како “ха” или пак на англиски “how r u” биле користени уште одамна, од оние луѓе кои во тоа време испраќале телеграми. 

Работниците кои ги печателе едни од најважните информации во светски рамки меѓусебно комуницирале со овие скратеници. Овој феномен првично е откриен во еден весник во 1890 година, кој бил прегледуван од еден истражувач.

“Контакти создадени од телеграми.  Довербата  помеѓу луѓе кои никогаш не се сретнале е значително поголема благодарение на оваа необична кратка форма на комуникација” – е дел од еден наслов на статија од весник. 

Констатирано е дека: “Во нивните разговори преку телеграма користат систем од скратеници кој им овозможува да кажат многу повеќе во одреден временски период, отколку што може да се каже преку стандардна комуникација”.
Оваа статија е откриена од фотограф Дејвид Фридман (David Freidman) кој ја објави оваа вест на својот блог sundaymagazine.org.

“Кога технологијата го наоѓа својот пат преку брза комуникација – без разлика дали имате лап топ или пак машина за пишување – луѓето секогаш ќе најдат начин тоа да го направат побрзо и ефективно, па дури и доколку е помалку модерно” - е исто така неговата изјава.  
 
А еве и неколку практични фрази кои ви ги откривам поврзани со таканаречената “скратена” комуникација на англиски јазик:


Стил на текстови од 1890
HA (по што следува пауза) ha – долго и смеење од срце  
Min pen – на оној кој пишува телеграма му треба време за да го уреди пенкалото за пишување пред да продолжи. Оваа фраза е многу слична со BRB - “be right back” или ќе се вратам бргу.
How r u ts mng - “how are you this morning” или Како си ова утро?
I`m pty wl, hw r u? - “I`m pretty well, how are you?” или Јас сум многу добро, како си ти?
I`m nt flg vy wl, fraid I`ve gtt malaria - “I`m not feeling very well, afraid I`ve got the malaria” или Не се чувствувам многу добро, се плашам дека имам маларија.
No rest fo t wicked - “No rest for the wicked” или Нема одмор за лошото.  

Кое е вашето мислење на оваа тема? Дали употребата на скратеници во секојдневната комуникација би придонело кон подобра или полоша писменост?
 
Автор: Кристина Ристовска
Извор: блог Sunday Magazine

Знаењето на странски јазик како прашање на опстанок

Кога зборуваме за учењето странски јазици, одамна е јасно дека јазиците се помалку се изучуваат од задоволство и желба за запознавање на други култури, а сѐ повеќе поради напредок во кариера, или да бидеме по прецизни – опстанок во кариерата. 

Да се потсетиме на фактот дека во Европа се зборуваат 23 јазици и поради ова 40 проценти од буџетот за администрацијата на Европската унија, се троши токму на преведување. Јазичните стручњаци отидоа чекор понапред, тврдејќи дека учењето на странски јазици, со помош на културна размена и професионални медиуми, можат дури да помогнат и во спречувањето на војни и трагедии.

Кое е вашето мислење на оваа тема?