Се прикажуваат објави со етикета историја на јазици. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета историја на јазици. Прикажи ги сите објави

Интересна историја за германскиот јазик

Минатиот пат позборувавме за историјата на англискиот јазик, а овојпат ќе ја разгледаме накратко историјата за германскиот јазик.

Германскиот јазик спаѓа во големата група на индо-германски јазици, во која исто така спаѓаат и данскиот, норвешкиот, шведскиот, холандскиот и англискиот јазик. 

Германскиот јазик примарно се зборува во Германија (каде што е прв јазик на повеќе од 95% од населението), Австрија (89%) и Швајцарија(65%). Сепак, германскиот го зборуваат и мнозинство од населението во Луксембург и Лихтенштајн.

Други европски заедници кои го зборуваат германскиот јазик се наоѓаат во Северна Италија (во провинцијата Болзано-Бозен и во некои општини во други провинции), во Источните Кантони во Белгија, во француските региони во Аљаска и Лорејн како и во некои гранични села од поранешниот Јужен Јутланд во Данска.

Според Глобал Рич (2004), 6.9% од интернет-корисниците се Германци. Според Нец-тип (2002), 7.7% од интернет страните се напишани на Германски јазик, правејќи го единствен после Англискиот во Европската јазична група. Некои постари статистики од 1998 година, откриваат дека Германскиот е трет најпопуларен јазик кој се користи на веб-вокациите, после Англискиот и Јапонскиот.

Германскиот јазик се користи како официјален јазик на Германија и Австрија. Историски, јазикот припаѓа во три главни периоди: стар германски (750-1050); средно германски (1050-1500) и модерен германски (1500-сегашност).

Најстариот податок за постоењето на германскиот јазик датира од околу 750 година. Во овој период биле користени локалните дијалекти во пишувањето и не постоел стандарден јазик; низок германски дијалект на север и висок германски дијалект во средна и јужна Германија.

Јазикот користен од 700 – 1050 година од страна на монасите, службениците и аристократијата, денес е попознат како стар висок германски. Како и да е ова не означува едноставен унифициран јазик, туку само колективно име за јазикот кој бил користен од едуцираните во тоа време, со свои регионални варијации.  

Стар висок германски постепено преминал во средно висок германски. Обичните луѓе продолжиле да зборуваат на нивните дијалекти и до 1350 година се почуствувала силна потреба за тип на германски јазик кој би бил адекватен за целокупните активности на луѓето, без разлика на општествениот слој.

Martin Luther (1483-1546)
Во средниот век, се развила релативно униформна форма на пишан јазик, откако владините формации на Светата Римска Империја започнале да користат комбинација на одредени дијалекти од средно високиот германски на местото на латинскиот јазик, кој дотогаш доминирал.  

Преводот на Библијата во средно германски јазик од страна на Мартин Лутер (1483-1546) претставувало главен придонес кон финалната победа на овој дијалект како вообичаен германски јазик. 

За време на 18тиот век голем број на исклучителни писатели вовеле модерни стандарди на германскиот јазик, особено за формата која постои денес.

Граматички и правила на правопис се појавиле за прв пат во Duden Handbook во 1880година. Во 1901 биле прогласени првите стандардни правила за овој јазик. До 1998 година германскиот правопис останал без да биде ревидиран, се до реформата од 1996 година која била официјално спроведена од страна на владини претставници на Германија, Австрија, Лихтенштајн и Швајцарија.

Од спроведувањето на реформата, германскиот правопис е во повеќегодишна транзиција каде што новиот правопис се изучува во повеќето училишта, додека традиционалната форма на правопис сеуште постои во медиумите.

Денес стандардниот германски јазик е попознат како "Hochdeutsch"  или во превод - висок германски; и се користи скоро секогаш кога е во прашање пишаниот германски. 

Книги и весници се печатат на стандарден германски, но како и да е, сеуште постојат регионални варијанти во зборовниот германски, што се должи на значителното влијание на старите дијалекти, иако истите се помалку се користат. 

Кратка историја за потеклото на англискиот јазик

Од каде потекнува англискиот јазик кој се зборува денес? За да го одговориме ова прашање, потребно е да се навратиме многу години наназад и да ја погледнеме историјата на јазиците кои се зборувале на британските острови. Ајде хронолошки да ја погледнеме историјата на овој веќе интернационален јазик.

 
600 година пр. н.е. - Келти

Првите јазици за кои се знае дека постоеле на британските острови биле келтските, како што се велшкиот и шкотскиот. Луѓето се населиле на овие простори 600 години пред Новата ера, што значи пред повеќе од 2500 години.
Англискиот јазик денес, сеуште има некои позајмени зборови од келтскиот како што се: corgi = “little dog”, whisky = “water of life”.

55 година пр. н.е. - Римјани

Во 55тата година пред Новата ера имало инвазија од римјаните, кои зборувале латински. Тие им дале латински имиња на местата, а некои од тие имиња останале да се употребуваат и ден денес.
На пример било кое место кое го содржи зборот “chester” потекнува од римското име за тоа место. Поконкретно, овој збор означува камп, “camp”. 

450 година од н.е. - Англо-саксонци 

Првите луѓе кои го зборувале јазикот кој со време постанал англиски, ја освоиле Англија околу 450тата година. Овие луѓе биле познати како англо-саксонци и нивниот јазик англо-саксонски или стар англиски. Многу зборови од овој период, сеуште се употребуваат во англискиот јазик, како што се: cow, house, bread, sword.


800 година од н.е. – Викинзи

Околу 800тата година од нашата ера, викинзите започнале да ја освојуваат Англија. Викинзите дошле од земји како што се Данска и Норвешка и зборувале на јазик кој подоцна се развил во денешниот норвешки и дански јазик.
Јазикот кој викинзите го зборувале, оставил многу зборови кои денес се употребуваат, а некои од нив се: you, husband, law, anger и др. Некои од местата и ден денес се нарекуваат исто како порано: Tenby, Grimsby, каде што “by” значело село.

1066 година од н.е – Нормандијци

Во 1066 година, нормандијците ја окупирале Англија, доаѓајки од Нормандија во Франција. Тие зборувале на рана верзија на францускиот јазик и овој јазик постанал јазик со висок статус во Англија. Нормандијците заедно со нивниот јазик донеле и збороби кои денес се употребуваат: catch, wage, reward.

1400 година од н.е. – Средно-англиски

Конечно немало повеќе освојувања во Англија и конечно англискиот јазик почнал да преовладува над францускиот. Јазикот кој што бил зборуван околу овој период е познат под името средно-англиски. Голем број книги биле напишани на овој јазик, а најпознатата е книгата со приказни под име “The Canterbury Tales” од Geoffrey Chaucer.

1476 година од н.е. – Периодот на машината за печатење

Уште од 9тиот век започнале да се пишуваат книги на англиски јазик, но дури со појавувањето на првата печатарска машина, претставена од Thomas Caxton во 1476 година, се зголемило објавувањето на книги на овој јазик. Со печатењето дошло до зголемување на интересот за стандардизирање на начинот на пишување на англиски јазик.

1525 година од н.е. – Англиската библија

Во 1525 година бил преведен Новиот Завет на Библијата од страната на William Tyndale. Ова било навистина значаен чекор и ова значело дека луѓето кои само знаат англиски, ќе можат сами да ја читаат Библијата. На црквата не и се допаднало ова и затоа првите верзии на Бибилијата биле испечатени на друго место и прокриумчарени во Англија. 

16ти век – Инвазија на зборови

Англија повеќе не била напаѓана од непријателски воени сили повеќе, но овој период сеуште имало употреба на туѓи зборови. Во 16тиот век постоело голем интерес за учење и како што луѓето читале книги напишани на латински и грчки јазик, почнале да позајмуваат и употребуваат зборови од овие јазици. Било малку чудно поради фактот што латинскиот јазик бил и сеуште е мртов јазик и никој не го употребувал во секојдневното општење.
Некои од зборовите кои започнале да се употребуваат во овој период и биле позајмени од францускиот јазик се: beef, mutton, pork. Холанѓаните биле морепловци и англичаните ги позајмиле следниве зборови од нив: cruise, yacht. 

Крајот на 16ти век – Модерен англиски

Сигурно не сте знаеле дека Шекспир (1564-1616) ги пишувал своите дела на модерен англиски. Многу од зборовите во англискиот јазик за прв пат се сретнати во неговите драми. Возможно е тој да измислил некои од тие зборови или едноставно ги запишал зборовите кои веќе биле употребувани во говорниот англиски.  

Англискиот јазик сега

Англискиот јазик постанал како резултат на многу настани и под влијание на многу различни јазици. Еден од луѓето кои играат улога во обликувањето на англискиот јазик си токму ти.
За многу јазици, англискиот јазик сега претставува кул јазик од кои се позајмуваат зборови. На пример французите го користат le weekend, зборот business се користи во италијанскиот, швеѓаните го користат airbag, а холанѓаните goal.

Извор: http://www.childrensuniversity.manchester.ac.uk/interactives/literacy/wordclasses/timeline.asp 

Есперанто, познатиот интернационален јазик


Есперанто е интернационален вештачки создаден јазик од страна на Д-р Лудвиг Лазарус Заменхоф (Dr. Ludwig Lazarus Zamenhof) (1859-1917) од Полска, кој бил офтамолог и се нарекувал себеси под псевдонимот „Докторо Есперанто“. Оригинално есперанто јазикот тој го нарекол „La Internacia Lingvo“ со значење „Интернационален јазик“, но наскоро подоцна постанал познат под името „Есперанто“, што значи „надежен“.

Заменхоф уште од неговото детство живеел во мултиетничко општество создадено од полјаци, руси, евреи, литванци и германци и верувал дека проблемите и несогласувањата меѓу овие групи, потекнуваат токму од јазичните разлики. Па така, тој решил да креира интернационален јазик кој би се користел како неутрален и би можел да ги оттргне јазичните бариери.
 

Есперанто азбука
Корените на јазикот Есперанто се базирани на латинскиот јазик, иако одреден дел од зборовниот фонд е земен од модерните романски јазици и од англискиот, германскиот, полскиот и рускиот. Есперанто јазикот си има своја азбука, а формирањето на зборовите се врши со додавање на различни наставки на коренот на зборот, со што се добиваат различни зборови со различно значење. 


Формирање на есперанто
Денес есперанто е еден од најкористените интернационални помошни јазици и особено е популарен во источна Европа и Кина. Постои богата есперанто литература која вклучува книги, списанија и поезија. Некои од оригиналните дела се напишани токму на овој јазик, а многу други се преведени од други јазици. Постојат и песни на овој јазик како и неколку радио станици кои објавуваат содржина токму на овој јазик. 

Еден од првите писатели кои започнал да твори токму на овој јазик е Д-р Хенри Валиен (Dr. Henri Vallienne), французин, кој напишал две новели на есперанто, едната во 1907 година под наслов „Kastelo de Prelongo“ („Замокот Прелонг") и во 1908 година „C^u Li?“ ("Тој?"). 



Постојат приближно 1.000 луѓе на кои есперанто им е мајчин јазик, околу 10.000 луѓе зборуваат течно на овој јазик, активно го користат 100.000, 1 000.000 луѓе разбираат поголем дел од јазикот и околу 10.000.000 го имаат изучувано во одреден период од животот.

Уште неколку битни факти и информации за овој јазик можете да погледнете на следново видео:


Извор: http://en.wikipedia.org/wiki/Esperanto

Во светот се зборуваат повеќе од 2700 јазици

Не е познато за тоа кога точно е „измислен“ јазикот, освен од постоењето на одредени записи во Библијата кои укажуваат на тоа. Исто така не се знае на кој јазик зборувале Адам и Ева. Првото споменување за постоењето на различни јазици датира уште од времето на постоењето на Вавилонската кула.

Пронаоѓањето или првото користење на пишаниот збор потекнува од сумерците од Месопотамија во 4тиот милениум пред новата ера. Нивните потомци, сумеро-вавилонците, го измислиле системот за мерење на време, кој денес го користиме: час поделен на 60 минути, кои се поделени на 60 секунди.

Денес, постојат повеќе од 2700 различни јазици кои се зборуваат во светот, со повеќе од 7000 дијалекти. Само во Индонезија се зборуваат околу 700 различни јазици. Повеќе од 1000 различни јазици се зборуваат во Африка. Најтешкиот јазик за учење е баскискиот, којшто се зборува во северо-западна Шпанија и јужно-западна Франција. Овој јазик нема никакви сличности со било кој друг јазик на светот. Најчесто зборуван јазик во светот е мандаринскиот јазик, а по него доаѓа англискиот. Како мајчин јазик, шпанскиот јазик е втор најзборуван јазик во светот.
Најмладиот јазик во светот е африкаанс, кој го говорат луѓето од Јужна Африка. Холандските и германските протестанти, бегајќи од пргонувањето на романо-католичката црква во 17тиот и 18тиот век, се населиле во холандската колонија на ’ртот Добра Надеж на најјужната точка во Африка. Кон крајот на 20тиот век африкаанс јазикот се формирал од мешањето на холандски, германски и други примеси од останатите јазици во Африка, постанувајќи легитимен јазик со свој сопствен речник. И после скоро деведесетина години овој јазик е втор најзборуван јазик во Јужна Африка (прв најзборуван јазик е зулу, бидејќи луѓето кои го говорат овој јазик претставуваат најголема етничка група во Африка).

Нови јазици се формираат со сретнувањето и мешањето на различните култури. На пример, во Лондон се зборуваат 700 различни јазици. Во некои предградија на Лондон, англискиот јазик е втор јазик. Истото се случува во други градови во светот како што се: Њујорк, Лос Анџелес, Мајами и Сингапур. Како што луѓето ја добиваат можноста да комуницираат слободно без разлика на културните и територијални разлики со зголеменото користење на интернетот, тоа придонесува и на формирањето на новите јазици.

Извор: didyouknow.org