Ова со фактиве ни постана веќе практика :) Постојат многу интересни факти за Франција и француската култура. Овојпат ќе издвоиме некои од тие највпечатливите, а за понатаму може ќе одлучиме и да ви прикажеме уште повеќе. Па ајде да научиме нешто повеќе за французите.
- Ајфеловата кула е можеби еден од најеминентните симболи кои ја карактеризираат Франција, но луѓето во времето на нејзиното конструирање не сакале да биде изградена, дури и имало петиции од страна на големи париски имиња, за кулата да биде тргната;
- Познатата Статуа на Слободата, која се наоѓа во САД, била всушност направена во Франција во далечната 1886 година и потоа дадена како подарок;
- Иако Кралот Артур е херој во британската литература, најголем број од луѓето кои ги напишале приказните за него и неговите витези, биле французи;
- Во Мекдоналдс во Париз се служи вино;
- Во Франција сеуште е незаконски да го крстите домашното животно , свиња со името на големиот војсководец, Наполеон;
- Најчесто презиме во Франција е „Lefevere“;
- Во францускиот јазик не постојат звуците за буквите „ч“ „ц“. „Ч“ се изговара или како „к“ или „ш“. Буквата „ц“ се изговара како „т“;
- Франција има површина приближна на големината на Аљаска;
- Француската компанија Пежо, покрај автомобили, произведувала и велосипеди;
- Август е времето за годишен одмор на французите, па многу компании затвораат во тој период и сите вработени одат на одмор;
- Постои помала верзија на Статуата на Слободата, која се наоѓа на остров на реката Seine;
- Кога нацистите го окупирале Париз, кураторите во музејот Лувр, кој воедно е еден од најбогатите и најголемите музеи на уметнички дела во светот, ги сокриле највредните и најголемите уметнички дела. Според една приказна, една од сликите била преголема за да ја скријат, па ја закачиле за таванот на еден париски паб. Таму често пиеле германските војници и за среќа никој не погледнал нагоре;
- Никој не знае што точно значи зборот Лувр – „Louvre“;
- Улиците во Париз се толку широки, поради тоа што Наполеон стравувал дека можно е да дојде до бунтови, слични на оние за време на револуцијата. Па така наредил сите улици да бидат проширени за ниедна група на луѓе да не може да постави барикади на истите;
- Интересен факт кај французите е тоа што пивото го сметаат за луксузен пијалок и се служи во специјални прилики, а додека виното оди бесплатно со повеќето оброци во рестораните;
- Франција е дом на единствениот Дизниленд во Европа, кој се наоѓа во Париз;
- Англија и Франција ги поврзува подземен тунел железница;
- Тур де Франс е најпознатата трка со велосипеди во светот и трае 23 дена за кое време натпреварувачите поминуваат повеќе од 3400 километри;
- Првиот лет направен со Конкорд бил во 1969 година во францускиот град Тулуз, кој е еден од центрите на аеро индустријата во Европа;
- Концептот за фармерското платно од кое и ден денес се произведуваат фармерките, потекнува од Франција, од каде што Леви Штраус го однел во Калифорнија за да направи цврста облека за рударите на злато;
- Во Франција биле родени барокниот стил и готската уметност - правци во архитектурата. Токму поради ова постојат многубројни катедрали и згради кои се изградени токму во готски стил;
- Се верува дека Денот на шегата, 1ви април, за прв пат започнал да се слави во Франција во 1564 година, кога земјата започнала да го следи Грегоријанскиот календар. Тие што не знаеле за промената на календарот биле исмевани затоа што продолжиле да веруваат дека првиот ден од годината е на 1ви Април;
- Французите сакаат кашкавал. Иако традиционално има околу 350 до 400 различни видови на француски кашкавал, всушност постојат преку 1000 различни видови кои се достапни во француските маркети;
- Француското вино е многу популарно во целиот свет. Земјата е една од најголемите произведувачи на вино во светот;
- Во оваа земја постои најбрзиот воз наречен „TGV - Train à Grande Vitesse“, што се разбира значи брз воз на француски;
- Од француските Алпи па се до прекрасната азурна обала, Франција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Нема коментари:
Објави коментар