Иван Раденов - јазичното искуство во Кингс колеџ

ПРОДИРЕКТ, компанијата која ја поседува најбрзо растечката комуникациска и јазична мрежа ВЕРБАЛИСТИ, го награди Иван Раденов, првиот Македонски Поп Идол, со двонеделен јазичен курс во КИНГС КОЛЕЏ (KINGS COLLEGES).

Иван го усовршуваше своето знаење на англиски јазик во Кингс колеџ, еден од најстарите и најпрестижни јазични институции во Англија, со традиција од преку 54 години и центри во градовите Лондон, Оксфорд и Борнмут, дијамантот на англиската ривиера.

Нашите партнери Kings Colleges, се погрижија престојот на Иван во Лондон да биде запомнет на многу начини, па така првиот Македонски Идол свиреше во Band of Kings, посетуваше познати театарски перформанси и дури го запозна и Glenn Hughes, еден од членовите на неговиот омилен бенд Deep Purple. Претпоставуваме дека јазичното искуство на Иван во Кингс може најдобро да биде опишано со неговите зборови – Мојот сон се оствари!


1 коментар: