Интересни факти за Шпанија и шпанската култура


По насловот препознавате дека овојпат ќе ви ги претставиме шпанската култура и јазик, како и некои факти кои ја издвојуваат Шпанија од другите европски земји. Па ајде да ги проследиме највпечатливите факти за оваа земја и нејзиниот народ.

  1. Шпанскиот јазик е рангиран како втор јазик во светот по бројноста на луѓето кои го говорат како примарен јазик. Околу 329 милиони луѓе го говорат овој јазик, за разлика од кинескиот (1.2 билиони) кој е рангиран на првото место;
  2. Овој јазик се зборува во 44 земји ширум светот, што го прави четвртиот географски најраспространет јазик во светот, веднаш по англискиот (112 земји), францускиот (60 земји) и арапскиот (57 земји);
  3. Шпанскиот јазик е еден од најфонетските јазици во светот. Ова значи дека ако знаете како се пишува одреден збор, тогаш би знаеле и како се изговара. Единствен исклучок овде се поновите зборови од странско потекло, кои обично го задржуваат оригиналниот начин на пишување;
  4. И покрај фактот што многу луѓе мислат дека баретката доаѓа од Франција, всушност ова е изум кој доаѓа од североисточна Шпанија;
  5. Фламенкото не е само обичен танц, туку уметничка форма која вклучува гитара, пеење, танцување и држење на ритам со помош на удари на дланките;
  6. Шпанската храна не е зачинета, како таа во Латино-американските држави. Овде почесто се употребува лукот отколку лутите пиперки;
  7. Spanish tortilla
  8. Во шпанската исхрана нема да најдете тортиљи. Овој израз „тортиљи“ означува многу популарно и вкусно јадење од јајца и компири;
  9. Главниот град на Шпанија, Мадрид се наоѓа точно во центарот на земјата;
  10. Шпанија е единствена европска земја која се наоѓа најблиску до Африка;
  11. Интересен факт е тоа што дури 44% од светското производство на маслиново масло доаѓа токму од Шпанија, што е два пати повеќе од Италија и четири пати повеќе од Грција;
  12. Луѓето кои живеат во местото Кадиз во Шпанија, тврдат дека тие го измислиле јадењето пржена риба. Се верува дека англичаните во осумнаесетиот век ја превземале оваа идеја за нивното познато јадење fish ’n’ chips токму од Кадиз;
  13. Многу зеленчук и овошје како што се доматите, компирите, тутунот и какаото биле увезени од Шпанија (преку нејзините американски колонии) во Европа;
  14. Во Шпанија има многу развиен ноќен живот и постојат околу 344 000 барови во кои луѓето се забавуваат до раните утрински часови;
  15. Шпанија има плажи кои се простираат на околу 8 000 километри;
  16. Од Шпанија доаѓаат едни од најпопуларните уметници како што се Пабло Пикасо, Салвадор Дали и Хоан Миро;
  17. Борбите со бикови се сметаат за уметност. Ова е една од најпопуларните атракции и еден од најконтроверзните спортови во Шпанија која се одржува во Памплона и е познато под името San Fermin;
  18. Шпанија не учествувала ниту во Првата ниту во Втората светска војна; 
  19. Браковите од ист пол се озаконети уште од 2005 година;
  20. Шпанија е една од првите европски земји која го забранила пушењето на јавни места, институции, ресторани, барови, во 2006 година.

Интересни факти за германскиот јазик и култура


Откако кажавме збор два за историјата и потеклото на германскиот јазик; сега сакаме да ви претставиме неколку интересни факти за германскиот јазик и култура. Листата на следниве е бесконечна, меѓутоа успеавме да селектираме некои од најинтересните.


  • Германскиот јазик е трет јазик во светот кој најчесто се изучува како странски јазик;
  • Германскиот јазик за малку ќе постанел официјален јазик во Соединетите Американски држави. На Континенталниот Конгрес, оддржан во Филаделфија, за време на револуцијата, дискутирале за тоа кој ќе биде официјалниот јазик во иднината на Соединетите држави, како начин да се прекинат сите дотогашни врски со Англија. Други предложен јазици, покрај германскиот биле францускиот и хебрејскиот. Кога конечно дошло да гласање, англискиот победил – за само еден глас разлика со германскиот;
  • Германскиот јазик е официјален јазик на 5 земји: Германија, Швајцарија, Австрија, Луксембург и Лихтенштајн. Овој јазик се говори и во северна Италија и некои француски провинции;
    Gutenberg Bible 1456
  • Германскиот јазик го зборуваат повеќе од 100 милиони луѓе во целиот свет;
  • Првата книга, Гутенберговата библија која била испечатена во 1456 година била на германски јазик;
  • Иако има толку многу луѓе кои живеат во Германија, германците успеале да задржат скоро 1/3 (31%) од земјата да биде покриена со шуми и зеленило. Оваа убава идилична земја и самиот факт што нема да најдете насекаде високи облакодери, ја прави Германија една од најубавите држави во Европа;
    Neuschwanstein Castle
  • Во Германија има околу стотина замоци! Во некои од нив сеуште живеат аристократски семејства, други се трансформирани во хотели и ресторани, но сепак остатокот е останат како руинирани тврдини. Сите овие носат посебна магија и апсолутно се вредни да се посетат, како една од најубавите атракции во Германија;

  • За да успеете да ги пробате сите видови на леб во Германија, треба да јадете различен вид на леб секој ден во период од една година. Постојат повеќе од 300 видови на леб во Германија;
  • Германците навистина сакаат пиво; рангирани се на второ место во потрошувачката на пиво per capita во целиот свет, се разбира после Ирска;
  • Пивото официјално се смета за храна во Баерн, каде нормалната големина на чаша пиво е 1 литар;
  • Оваа земја е и најевтиното место каде може да се купи пиво во Европа, но исто така и држава во која најтешко може да се одлучите за кое пиво да го купите. Ова е така поради тоа што постојат повеќе од 1500 различни марки и видови на пиво;
  • Кога се јавувате некому на телефон во Германија, наместо со Здраво, Добар ден и сл., тие најпрво го кажуваат нивното презиме т.е. фамилијарно име. Имајте го ова на ум кога планирате да контактирате некој од Германија и недозволувајте истото да ве збуни;
  • Постојат повеќе фудбалски клубови во Германија, отколку било каде во светот.

Британско-англиски vs. Американско-англиски

Постојат огромни разлики помеѓу американската култура и културата на британскиот Комонвелт низ светот. Денес нема да зборуваме за културата, туку ќе посветиме внимание на јазикот кој има значајни разлики во поглед на употреба на зборови.

Американско-англиски се зборува во САД, Канада и во некои земји на Пацификот, каде Америка има извршено влијание. 

Британско-англиски се зборува во 54 земји кои припаѓаат на британскиот Комонвелт, од кои најпознати се Англија, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Африка, со исклучок на Канада. Иако Канада е дел од Комонвелтот, канаѓаните зборуваат мешавина од американски-англиски и британски, поради географската близина со САД, но пишувањето на зборовите е сепак на британскиот начин.
 

Може да се каже дека американско-англискиот акцент преовладува во медиумите и во најголем процент на филмови, тв серии, интернет содржини и игри. Како и да е без разлика дали го зборувате едниот или другиот, сепак ќе бидете разбрани од сите кои знаат и зборуваат англиски јазик. 

Еве неколку примери за различната употреба на зборови и варијациите на правописот во двете варијанти на англискиот јазик (заедно со македонскиот превод), кои секако мора да се припазат, особено кога се зборува со луѓе на кои тоа им е нивен мајчин јазик.

Британско-англиски
Американско-англиски
Македонски превод
football
soccer
фудбал
biscuits
cookies
колачи
jumper
sweater
џемпер
toilet/loo
restroom
тоалет
torch
flashlight
рачна ламба
trousers
pants
панталони
rubber
eraser
гума за бришење
CV (Curriculum Vitae)
resume
резиме
aerial
antenna
антена
rubbish bin
trash can
канта за ѓубре
autumn
fall
есен
banknote /currency note
bill
банкнота
barrister/lawyer/solicitor
attorney / lawyer
адвокат
car park
parking lot
паркинг
chemist’s / Pharmacy
drugstore
аптека
chips
French fries
помфрит
cinema
the movies/movie theater
кино
cooker
stove
шпорет
crossroads
intersection
раскрсници
curtains
drapes
завеси
engine
motor
мотор
film
movie
филм
flat
apartment
стан
garden
yard
двор (градина)
ground floor
first floor
приземје
trainers
sneakers
патики
holiday
vacation
одмор
lift
elevator
лифт
lorry
truck
камион
luggage
baggage
багаж
main road
highway
автопат
pavement
sidewalk
тротоар
post
mail
пошта
postman
mailman
поштар
queue
line
линија (ред)
postcode/postal code
ZIP code
поштенски број
sweet
desert
десерт
term
semester
полугодие/семестар
timetable
schedule
распоред
zebra crossing
crosswalk
пешачки премин
headmaster
principal
директор на училиште
wardrobe
closet
ормар
crisps
potato chips
чипс
petrol
gas
нафта

Се надеваме се потсетивте на некои зборови и поднаучивте нешто ново. Во контекст на ова погледнете го видеото со интервјуто на Hugh Laurie, познатиот актер кој го глуми Dr. House. Доколку не сте знаеле, овој актер е англичанец, кој совршено успева да го имитира американско-англискиот акцент иако и тој самиот не го знае значењето на некои зборови од ова говорно подрачје.