Ова е можеби еден вид комуникација која им пркоси на родителите во процесот на воспитување и води до оние тврдења дека стандардите на англискиот јазик или било кој јазик за таа сметка, се намалуваат.
Меѓутоа, со малку истражување во оваа област дојдов до еден навистина фасцинантен податок. Всушност оваа таканаречена “скратена” форма на пишување и текстуално изразување датира од пред околу 120 години.
Скратеници како “ха” или пак на англиски “how r u” биле користени уште одамна, од оние луѓе кои во тоа време испраќале телеграми.
Работниците кои ги печателе едни од најважните информации во светски рамки меѓусебно комуницирале со овие скратеници. Овој феномен првично е откриен во еден весник во 1890 година, кој бил прегледуван од еден истражувач.
“Контакти создадени од телеграми. Довербата помеѓу луѓе кои никогаш не се сретнале е значително поголема благодарение на оваа необична кратка форма на комуникација” – е дел од еден наслов на статија од весник.
Констатирано е дека: “Во нивните разговори преку телеграма користат систем од скратеници кој им овозможува да кажат многу повеќе во одреден временски период, отколку што може да се каже преку стандардна комуникација”.
Оваа статија е откриена од фотограф Дејвид Фридман (David Freidman) кој ја објави оваа вест на својот блог sundaymagazine.org.
“Кога технологијата го наоѓа својот пат преку брза комуникација – без разлика дали имате лап топ или пак машина за пишување – луѓето секогаш ќе најдат начин тоа да го направат побрзо и ефективно, па дури и доколку е помалку модерно” - е исто така неговата изјава.
А еве и неколку практични фрази кои ви ги откривам поврзани со таканаречената “скратена” комуникација на англиски јазик:
Стил на текстови од 1890
HA (по што следува пауза) ha – долго и смеење од срце |
Min pen – на оној кој пишува телеграма му треба време за да го уреди пенкалото за пишување пред да продолжи. Оваа фраза е многу слична со BRB - “be right back” или ќе се вратам бргу. |
How r u ts mng - “how are you this morning” или Како си ова утро? |
I`m pty wl, hw r u? - “I`m pretty well, how are you?” или Јас сум многу добро, како си ти? |
I`m nt flg vy wl, fraid I`ve gtt malaria - “I`m not feeling very well, afraid I`ve got the malaria” или Не се чувствувам многу добро, се плашам дека имам маларија. |
No rest fo t wicked - “No rest for the wicked” или Нема одмор за лошото. |
Кое е вашето мислење на оваа тема? Дали употребата на скратеници во секојдневната комуникација би придонело кон подобра или полоша писменост?
Автор: Кристина Ристовска
Извор: блог Sunday Magazine
Нема коментари:
Објави коментар