Вербалисти – социјална мрежа за јазични вљубеници

Курсеви за странски јазици во странство
Разговор со Јасмина Сариќ, ко-основач на социјалната јазична мрежа Вербалисти и директор на едукативните програми во компанијата Продирект
Емисија: Актуелно
Водител: Сања Величковиќ
Јануари 2011


Македонски превод:
По минатонеделната објава за слободното практикантско место во Продирект, компанија која се занимава со едукација, наидовме на голема заинтересираност од ваша страна за можностите на учење и усовршување јазик во странство. Нашиот денешен гостин е Јасмина Сариќ, директор на едукативните програми во Продирект и ко-основач на социјалната мрежа Вербалисти, која ќе ви одговори на прашањата на таа тема.

Сања: Јасмина, вашата компанија Продирект се согласи да понуди едномесечна практикантска можност на сите наши слушатели, заинтересирани за здобивање на вредно искуство во полето на едукацијата. Како и да е, само што ми кажавте дека и покрај тоа што сте задоволни од бројот на примени апликации и биографии, вие исто така пријатно сте изненадени од големата заинтересираност за учење јазик во странство, која ја покажаа нашите слушатели. Зошто мислите дека е ова вака, дали можеби е поради интересниот концепт на социјалната мрежа Вербалисти?

Јасмина: Дозволи ми најпрво да ти се заблагодарам за твојата покана во оваа емисија. Не постои сомеж дека Вербалисти е интересен концепт сам по себе и ние сме пријатно изненадени и задоволни поради големиот интерес на студентите кои изучуваат јазици и лигвисти; како и да е кога станува збор за овој интерес за учење во странство, мора да се нагласи дека ова е делумно и поради фактот што повеќе не се потребни визи за да се патува или делумно поради фактот што луѓето, не само во Србија, туку и пошироко во регионов, го сметаат времето во кое се наоѓаме, како идеално за едукација и усовршување. Секако овде би сакала да споменам дека општопознат услов за повеќето аплицирања за работни позиции е потребно знаење на барем еден странски јазик.  

Сања: Ние добивме многу прашања од нашите слушатели. Да започнеме со прашањето на Дубравка Марковиќ од Белград, која би сакала да дознае, зошто му е потребно на ученик / студент да се консултира со јазичен експерт, пред да одбере јазичен курс?

Јасмина: Од многу едноставна причина – со консултирање со експерт може да се заштеди многу време и пари. Што е тоа што можеме ние да го направиме за да му помогнеме на секој ученик / студент, да го избере вистинскиот курс кој најмногу му одговара? Првиот чекор е дефинирање на причината за изучување на странски јазик: постои голема разлика во тоа дали учите англиски, на пример, за да би можеле да разговарате преку интернет, или дали учите германски со цел да се запишете на австриски колеџ; или можеби шпанскиот јазик ви е потребен за да добиете унапредување во подружницата на вашата компанија во Шпанија. Ова е важно, бидејќи се работи за специфично ниво на знаење кое води кон остварување на вашата цел, но исто така и специфичен вид на курс. Откако ќе ја дознаеме целта, потребно е да се одреди почетната точка и затоа е потребно нашите клиенти да направат дијагностички тест, со кој ќе се утврди нивното сегашно ниво на познавање на одреден јазик. Откако ќе ги дознаеме овие две важни информации, дури тогаш можеме да дадеме препорака за одреден курс кој би бил соодветен.

Сања: Нашите слушатели најверојатно би сакале да дознаат колку чинат овие консултации и дијагностички тестови?
Јасмина: Во Продирект и јазичната мрежа Вербалисти, консултациите и тестовите се бесплатни и се дел од нашите услуги. Како и да е, препорачливо е да се закаже термин претходно на телефон 02 529 6263 или со испраќање на е-пошта на info@verbalisti.com.
Сања: Предраг од Панчево би сакал да дознае дали неговиот шеснаесетгодишен син, кој веќе изучува англиски јазик повеќе години, на училиште и со приватни часови, му е потребно да посетува курсеви во Англија? Мислам дека ова е интересно прашање за сите ученици и студенти.
Јасмина: Странскиот јазик не се изучува само во училница. Напротив, училницата претставува вештачка средина или да се изразам поинаку, симулација на реални ситуации. Без разлика дали странскиот јазик се изучува во државните и во приватните училишта и без разлика на квалитетот на наставата или на наставникот/професорот, кога изучувате странски јазик во вашата земја, вие неизбежно сте опкружени со луѓе кои го зборуваат вашиот мајчин јазик. Па така пресудно е комуникацијата да се префрли на тој мајчин јазик, порано или подоцна. Во Англија, или во било која друга држава, каде што патувате за да го научите тамошниот јазик, часовите се изведуваат со многу учесници од други земји, значи се интернационални; и сакале вие или не, мора да го говорите странскиот јазик во реални ситуации, како на пример кога би сакале да нарачате храна, да купите билет за воз или да поканите некого на пијалок.
Сања: Која е старосната граница за посетување на јазична програма (курс) во странство?
Јасмина: Ако зборуваме за програмите наменети за тинејџери, старосната граница е од 12 до 18 години.
Сања: Кога веќе разговараме за оваа возрасна група, се наметнува прашањето, дали постои водич на групата која патува? Туристички водич?
Јасмина Сариќ
Јасмина: Сите наши групи се придружувани од водич. Личноста која ги придружува групите не е туристички водич, бидејќи тоа не се туристички тури, туку едукативни програми. Нашите групни водичи се искусни предавачи на странски јазици, и во тимот на Вербалистите има најмалку 10 такви наставници кои имаат учествувано во програмите со години. Тие се во секое време со учениците, од првата пасошка контрола на аеродромот, до пристигнувањето на саканата дестинација, вклучувајќи ги аеродромските трансфери, низ целокупниот нивен престој во странскиот колеџ и се до нивното враќање дома.
Сања: Еве едно анонимно, но навистина интересно прашање: Сакам мојата ќерка да студира на Оксфорд, а не да шета, да посетува знаменитости и да оди на шопинг. Дали е задолжително учеството на учениците во тие програми за социјални активности?
Јасмина: Не само што ова прашање е интересно, туку и доста често. Социјалните активности, како што е спортот во слободното време, разгледувањето на знаменитости или креативни работилници, не претставуваат само забава. Нивната цел е повеќекратна, но најважната е континуирана комуникација и социјализација во интернационална средина, но овој пат во реални ситуации. Таквите активности делуваат навистина стимулирачки и не само што помагаат во учењето на странскиот јазик, туку исто така се запознаваат со различни култури и обичаи. И на крај, како исто така важно нешто е што тие им помагаат на групните водичи да ги имаат сите ученици на исто место.
Сања: Дали студентите добиваат некаков сертификат откако ќе го завршат курсот?
Јасмина: Сите ученици добиваат сертификат кој го покажува нивото на познавање на јазикот, времетраењето и видот на посетуваниот курс. Овде би сакала да нагласам дека сите колеџи со кои соработуваме се акредитирани од страна на нивните министерства за образование и од Британски совет.
Сања: Дали сите ваши програми се наменети за тинејџери и млади луѓе?
Јасмина: Луѓето изучуваат странски јазици од повеќе причини; во денешно време прашањето за зборување на јазици и можноста да се комуницира успешно, е всушност прашање за професионален опстанок. Ние Вербалисти имаме 24 програми наменети за сите возрасти и нивоа на познавање на странски јазик. Голем процент од нашите клиенти се возрасни – студенти, млади професионалци, бизнис луѓе. Ние нудиме и поседен вид услуга за јазично консултирање на корпорации.


Нема коментари:

Објави коментар