Британско-англиски vs. Американско-англиски

Постојат огромни разлики помеѓу американската култура и културата на британскиот Комонвелт низ светот. Денес нема да зборуваме за културата, туку ќе посветиме внимание на јазикот кој има значајни разлики во поглед на употреба на зборови.

Американско-англиски се зборува во САД, Канада и во некои земји на Пацификот, каде Америка има извршено влијание. 

Британско-англиски се зборува во 54 земји кои припаѓаат на британскиот Комонвелт, од кои најпознати се Англија, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Африка, со исклучок на Канада. Иако Канада е дел од Комонвелтот, канаѓаните зборуваат мешавина од американски-англиски и британски, поради географската близина со САД, но пишувањето на зборовите е сепак на британскиот начин.
 

Може да се каже дека американско-англискиот акцент преовладува во медиумите и во најголем процент на филмови, тв серии, интернет содржини и игри. Како и да е без разлика дали го зборувате едниот или другиот, сепак ќе бидете разбрани од сите кои знаат и зборуваат англиски јазик. 

Еве неколку примери за различната употреба на зборови и варијациите на правописот во двете варијанти на англискиот јазик (заедно со македонскиот превод), кои секако мора да се припазат, особено кога се зборува со луѓе на кои тоа им е нивен мајчин јазик.

Британско-англиски
Американско-англиски
Македонски превод
football
soccer
фудбал
biscuits
cookies
колачи
jumper
sweater
џемпер
toilet/loo
restroom
тоалет
torch
flashlight
рачна ламба
trousers
pants
панталони
rubber
eraser
гума за бришење
CV (Curriculum Vitae)
resume
резиме
aerial
antenna
антена
rubbish bin
trash can
канта за ѓубре
autumn
fall
есен
banknote /currency note
bill
банкнота
barrister/lawyer/solicitor
attorney / lawyer
адвокат
car park
parking lot
паркинг
chemist’s / Pharmacy
drugstore
аптека
chips
French fries
помфрит
cinema
the movies/movie theater
кино
cooker
stove
шпорет
crossroads
intersection
раскрсници
curtains
drapes
завеси
engine
motor
мотор
film
movie
филм
flat
apartment
стан
garden
yard
двор (градина)
ground floor
first floor
приземје
trainers
sneakers
патики
holiday
vacation
одмор
lift
elevator
лифт
lorry
truck
камион
luggage
baggage
багаж
main road
highway
автопат
pavement
sidewalk
тротоар
post
mail
пошта
postman
mailman
поштар
queue
line
линија (ред)
postcode/postal code
ZIP code
поштенски број
sweet
desert
десерт
term
semester
полугодие/семестар
timetable
schedule
распоред
zebra crossing
crosswalk
пешачки премин
headmaster
principal
директор на училиште
wardrobe
closet
ормар
crisps
potato chips
чипс
petrol
gas
нафта

Се надеваме се потсетивте на некои зборови и поднаучивте нешто ново. Во контекст на ова погледнете го видеото со интервјуто на Hugh Laurie, познатиот актер кој го глуми Dr. House. Доколку не сте знаеле, овој актер е англичанец, кој совршено успева да го имитира американско-англискиот акцент иако и тој самиот не го знае значењето на некои зборови од ова говорно подрачје.


Иван Раденов - јазичното искуство во Кингс колеџ

ПРОДИРЕКТ, компанијата која ја поседува најбрзо растечката комуникациска и јазична мрежа ВЕРБАЛИСТИ, го награди Иван Раденов, првиот Македонски Поп Идол, со двонеделен јазичен курс во КИНГС КОЛЕЏ (KINGS COLLEGES).

Иван го усовршуваше своето знаење на англиски јазик во Кингс колеџ, еден од најстарите и најпрестижни јазични институции во Англија, со традиција од преку 54 години и центри во градовите Лондон, Оксфорд и Борнмут, дијамантот на англиската ривиера.

Нашите партнери Kings Colleges, се погрижија престојот на Иван во Лондон да биде запомнет на многу начини, па така првиот Македонски Идол свиреше во Band of Kings, посетуваше познати театарски перформанси и дури го запозна и Glenn Hughes, еден од членовите на неговиот омилен бенд Deep Purple. Претпоставуваме дека јазичното искуство на Иван во Кингс може најдобро да биде опишано со неговите зборови – Мојот сон се оствари!


Интересни факти за Франција и француската култура


Ова со фактиве ни постана веќе практика :) Постојат многу интересни факти за Франција и француската култура. Овојпат ќе издвоиме некои од тие највпечатливите, а за понатаму може ќе одлучиме и да ви прикажеме уште повеќе. Па ајде да научиме нешто повеќе за французите.
    1. Ајфеловата кула е можеби еден од најеминентните симболи кои ја карактеризираат Франција, но луѓето во времето на нејзиното конструирање не сакале да биде изградена, дури и имало петиции од страна на големи париски имиња, за кулата да биде тргната;
    2.  Познатата Статуа на Слободата, која се наоѓа во САД, била всушност направена во Франција во далечната 1886 година и потоа дадена како подарок;
    3. Иако Кралот Артур е херој во британската литература, најголем број од луѓето кои ги напишале приказните за него и неговите витези, биле французи;
    4. Во Мекдоналдс во Париз се служи вино; 
    5. Во Франција сеуште е незаконски да го крстите домашното животно , свиња со името на големиот војсководец, Наполеон;
    6. Најчесто презиме во Франција е „Lefevere“; 
    7. Во францускиот јазик не постојат звуците за буквите „ч“ „ц“. „Ч“ се изговара или како „к“ или „ш“. Буквата „ц“ се изговара како „т“; 
    8. Франција има површина приближна на големината на Аљаска; 
    9. Француската компанија Пежо, покрај автомобили, произведувала и велосипеди; 
    10. Август е времето за годишен одмор на французите, па многу компании затвораат во тој период и сите вработени одат на одмор; 
    11. Постои помала верзија на Статуата на Слободата, која се наоѓа на остров на реката Seine;
    12. Кога нацистите го окупирале Париз, кураторите во музејот Лувр, кој воедно е еден од најбогатите и најголемите музеи на уметнички дела во светот, ги сокриле највредните и најголемите уметнички дела. Според една приказна, една од сликите била преголема за да ја скријат, па ја закачиле за таванот на еден париски паб. Таму често пиеле германските војници и за среќа никој не погледнал нагоре;
    13. Никој не знае што точно значи зборот Лувр – „Louvre“; 
    14. Улиците во Париз се толку широки, поради тоа што Наполеон стравувал дека можно е да дојде до бунтови, слични на оние за време на револуцијата. Па така наредил сите улици да бидат проширени за ниедна група на луѓе да не може да постави барикади на истите; 
    15. Интересен факт кај французите е тоа што пивото го сметаат за луксузен пијалок и се служи во специјални прилики, а додека виното оди бесплатно со повеќето оброци во рестораните; 
    16. Франција е дом на единствениот Дизниленд во Европа, кој се наоѓа во Париз;
    17. Англија и Франција ги поврзува подземен тунел железница; 
    18. Тур де Франс е најпознатата трка со велосипеди во светот и трае 23 дена за кое време натпреварувачите поминуваат повеќе од 3400 километри; 
    19. Првиот лет направен со Конкорд бил во 1969 година во францускиот град Тулуз, кој е еден од центрите на аеро индустријата во Европа; 
    20. Концептот за фармерското платно од кое и ден денес се произведуваат фармерките, потекнува од Франција, од каде што Леви Штраус го однел во Калифорнија за да направи цврста облека за рударите на злато; 
    21. Во Франција биле родени барокниот стил и готската уметност - правци во архитектурата. Токму поради ова постојат многубројни катедрали и згради кои се изградени токму во готски стил; 
    22. Се верува дека Денот на шегата, 1ви април, за прв пат започнал да се слави во Франција во 1564 година, кога земјата започнала да го следи Грегоријанскиот календар. Тие што не знаеле за промената на календарот биле исмевани затоа што продолжиле да веруваат дека првиот ден од годината е на 1ви Април; 
    23. Французите сакаат кашкавал. Иако традиционално има околу 350 до 400 различни видови на француски кашкавал, всушност постојат преку 1000 различни видови кои се достапни во француските маркети;
    24. Француското вино е многу популарно во целиот свет. Земјата е една од најголемите произведувачи на вино во светот; 
    25. Во оваа земја постои најбрзиот воз наречен „TGV - Train à Grande Vitesse“, што се разбира значи брз воз на француски;
    26.  Од француските Алпи па се до прекрасната азурна обала, Франција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.

      Интересна историја за германскиот јазик

      Минатиот пат позборувавме за историјата на англискиот јазик, а овојпат ќе ја разгледаме накратко историјата за германскиот јазик.

      Германскиот јазик спаѓа во големата група на индо-германски јазици, во која исто така спаѓаат и данскиот, норвешкиот, шведскиот, холандскиот и англискиот јазик. 

      Германскиот јазик примарно се зборува во Германија (каде што е прв јазик на повеќе од 95% од населението), Австрија (89%) и Швајцарија(65%). Сепак, германскиот го зборуваат и мнозинство од населението во Луксембург и Лихтенштајн.

      Други европски заедници кои го зборуваат германскиот јазик се наоѓаат во Северна Италија (во провинцијата Болзано-Бозен и во некои општини во други провинции), во Источните Кантони во Белгија, во француските региони во Аљаска и Лорејн како и во некои гранични села од поранешниот Јужен Јутланд во Данска.

      Според Глобал Рич (2004), 6.9% од интернет-корисниците се Германци. Според Нец-тип (2002), 7.7% од интернет страните се напишани на Германски јазик, правејќи го единствен после Англискиот во Европската јазична група. Некои постари статистики од 1998 година, откриваат дека Германскиот е трет најпопуларен јазик кој се користи на веб-вокациите, после Англискиот и Јапонскиот.

      Германскиот јазик се користи како официјален јазик на Германија и Австрија. Историски, јазикот припаѓа во три главни периоди: стар германски (750-1050); средно германски (1050-1500) и модерен германски (1500-сегашност).

      Најстариот податок за постоењето на германскиот јазик датира од околу 750 година. Во овој период биле користени локалните дијалекти во пишувањето и не постоел стандарден јазик; низок германски дијалект на север и висок германски дијалект во средна и јужна Германија.

      Јазикот користен од 700 – 1050 година од страна на монасите, службениците и аристократијата, денес е попознат како стар висок германски. Како и да е ова не означува едноставен унифициран јазик, туку само колективно име за јазикот кој бил користен од едуцираните во тоа време, со свои регионални варијации.  

      Стар висок германски постепено преминал во средно висок германски. Обичните луѓе продолжиле да зборуваат на нивните дијалекти и до 1350 година се почуствувала силна потреба за тип на германски јазик кој би бил адекватен за целокупните активности на луѓето, без разлика на општествениот слој.

      Martin Luther (1483-1546)
      Во средниот век, се развила релативно униформна форма на пишан јазик, откако владините формации на Светата Римска Империја започнале да користат комбинација на одредени дијалекти од средно високиот германски на местото на латинскиот јазик, кој дотогаш доминирал.  

      Преводот на Библијата во средно германски јазик од страна на Мартин Лутер (1483-1546) претставувало главен придонес кон финалната победа на овој дијалект како вообичаен германски јазик. 

      За време на 18тиот век голем број на исклучителни писатели вовеле модерни стандарди на германскиот јазик, особено за формата која постои денес.

      Граматички и правила на правопис се појавиле за прв пат во Duden Handbook во 1880година. Во 1901 биле прогласени првите стандардни правила за овој јазик. До 1998 година германскиот правопис останал без да биде ревидиран, се до реформата од 1996 година која била официјално спроведена од страна на владини претставници на Германија, Австрија, Лихтенштајн и Швајцарија.

      Од спроведувањето на реформата, германскиот правопис е во повеќегодишна транзиција каде што новиот правопис се изучува во повеќето училишта, додека традиционалната форма на правопис сеуште постои во медиумите.

      Денес стандардниот германски јазик е попознат како "Hochdeutsch"  или во превод - висок германски; и се користи скоро секогаш кога е во прашање пишаниот германски. 

      Книги и весници се печатат на стандарден германски, но како и да е, сеуште постојат регионални варијанти во зборовниот германски, што се должи на значителното влијание на старите дијалекти, иако истите се помалку се користат.